Свет

НАТО ќе ангажира 36.000 војници на вежба за спречување на закана од ИД

НАТО ќе ангажира 36.000 војници на вежба за спречување на закана од ИД
Ако Подгорица му се придружи на НАТО, Русија ќе ги прекине проектите во Црна Гора

НАТО ќе ангажира 36.000 војници на вежба за спречување на закана од ИД од јужното крило, објави МИА

Команданти на НАТО синоќа најавија една од најголемите воени вежби во сложено „сценарио на лажна закана“ во која милитанти напаѓаат од копно, од воздух и море.

– Не можеме да избираме меѓу закани од исток и закани од југ, мора да се вежба за двете, изјави генерал Ханс Лотар Домросе од Командата во Холандија задолжен за подготовка на вежбите.

Во вежбите што ќе се одржат од 3 октомври до 6 ноември во Италија, Шпанија и Португалија ќе учествуваат војници од повеќе од 30 држави меѓу кои и од Шведска и Австрија.

НАТО не организирал толку големи воени вежби од 2002 година кога 15 држави  членки и 12 партнерски држави учествуваа во проверка на подготвеноста во Норвешка и Полска.