НАТО министрите денеска за Украина

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска се состанаа во Брисел за да разговараат за украинската криза и односите со Русија.

Министрите ќе ги разгледуваат краткорочните и долгорочните мерки за да ја зајакнат одбраната на источните граници на НАТО после припојувањто на Крим кон Русија, речено е за новинарите пред состанокот на Алијансата, пренесоа медиумите.

„На сојузниците им е јасно дека со соочуваме со најголемиот безбедносен предизвик после студената војна“ изјави вчера американскиот амбасадор во НАТО Даглас Лут.

Полска побара НАТО да постави додатни трупи на нејзината територија, а исто барање имаат  балтичките земји, кои се чувствуваат загрозени после руската интервенција на Крим.

Овие теми ќе се најдат на дневниот ред на утрешниот самит на Г7 во Брисел, накој ќе учествуваат и американскиот претседател Баарак Обама.

Министрите на НАТО во текот на денешниот состанок ќе разговараат за предстојниот самит на НАТО во Велс, какои повлекувањето на трупите од Авганистан, кој треба да заврши до крајот на оваа година.