НАТО не е загрижен поради идејата за европска војска

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и главен командант на силите во Европа генерал Филип Бридлав денеска воздржано реагираа на предлогот на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за формирање на заедничкиу европски одбранбени сили, пренесе МИА.

– ЕУ сама одлучува за својата одбранбена стратегија, а за нас е најважно да избегнеме дуплирање на капацитетите, посочи Столтенберг при посетата на главниот штаб на НАТО во белгискиот град Монс.

Бридлав посочи дека „НАТО не е загрижен“ поради идејата на Јункер за европска војска.

– Војската на европските членки треба да се дополнуваат, а не да се преклопуваат, истакна Бридлав.

фото: МИА