НАТО не сака конфронтација со Русија

Организацијата на Северноатлантскиот договор, НАТО не е заинтересирана за конфронтација со Русија, изјави директорот на Информативното биро на НАТО во Русија, Роберт Пшел, пренесе „РИА Новости“.

„Уште еднаш сакам да повторам дека ние немаме намера и не сме заинтересирани за каква и да е конфронтација со Русија. Тоа е логично. Мислам дека е чудно ако некој се чуди на тоа“, изјави Пшел.