НАТО нема да го брани Израел во случај на напад од Иран

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата нема да го брани Израел доколку дојде до напад од Иран, бидејќи еврејската држава е партнер но не и член на воениот сојуз.

Во разговорот за германскиот весник Spiegel објавен во саботата, генералниот секретар Јенс Столтенберг вели дека безбедносните гаранции на НАТО не се однесуваат на Израел, бидејќи оваа земја не е членка на сојузот.

Додава дека НАТО не е вклучен во блискоисточните мировни напор, ниту во судирите во овој регион. Столтенберг ја дава оваа изјава во периодот додека растат тензиите меѓу Иран и Израел, кој има спорни односи со некои земји членки на Алијансата, во прв ред Турција.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од неодамна ги засили критиките на сметка на договорот за нуклеарната програма на Иран кој во 2015 година го склучија шесте светски сили, а кој на Техеран му ги укинува децениските економски санкции во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма.

САД, кој од стапувањето на должноста на претседателот Доналд Трамп, ги затопли нарушените односи со Израел, истапија од нуклеарниот договор минатиот месец. Израел и Иран неодамна се судрија и околу иранската воена присутност во Сирија, а израелската страна бараше од Русија да влијае врз Техеран да ги повлече своите воени советници и шиитски милиции кои ги поддржува од сириско-израелската граница и нивните позиции да ги заземе сириската владина војска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.