НАТО нема да се меша во конфликтот во Украина

Украина не е членка на НАТО и тоа е разликата меѓу Украина и членките на НАТО. Гарантирањето на безбедноста се однесува само за членките на Алијансата.

Северноатланскиот пакт не планира да се меша во конфликтот во источна Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Столтенберг истакнал и  дека НАТО само и пружа силна политичка поддршка и практична помош на Украина во спроведувањето на реформите во одбраната и во зголемување на нејзината способност за самоодбрана.

– Во овој момент најважно е да се спроведе Договорот од Минск за почитување на прекинот на огнот, повлекувањето на тешкото оружје од линијата на фронтот и обезбедувањето гаранции дека тоа ќе биде спроведено под мониторинг, нагласи првиот човек на НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.