НАТО нема намера да извршува копнени операции против ИД

НАТО засега нема намера да преземе копнени операции против терористичката организација Исламска држава (ИД) во Ирак, Сирија и Либија, изјави вчера во мароканскиот главен град Рабат заменик генералниот секретар на Алијансата, Александар Вершбов.

Тој се обрати на семинар за НАТО и односите со Мароко.

Вершбов истакна дека НАТО учествува во воздушните напади против џихадистите од ИД во Ирак и Сирија и им помага на армиите на Ирак и Тунис да се спротивстават на терористичките закани.

Според него, за уништување на ИД и други слични организации е многу важно да има двострана и многустрана соработка по ова прашање и засекогаш да се обнови стабилноста во Северна Африка и на Блискиот исток.