НАТО носи 35.000 војници на границата со Русија

Дури 35.000 војници ќе учествуваат во воената вежба на НАТО во Норвешка во октомври, најголема во земјата по Студената војна.

Скандинавската земја, која се граничи со Русија на Арктикот, ќе биде домаќин на војници од 30 држави за време на воената вежба „Моментот трозабец”, која е закажана во моментот кога тензиите меѓу Москва и Запад никогаш не бил посилни, а ќе учествуваат 120 авиони, 70 бродови и 10.000 возила, пишува британскиот „Дејли мејл“.

Операциите ќе се одржуваат во регионите на Северниот Атлантик и Балтичкото Море, вклучувајќи го и Исланд, како и во воздушниот простор на Финска и Шведска. Според медиумите, ќе учествуваат воздушни, поморски и копнени сили, специјални сили и амфибиски сили.

Портпаролот на норвешката армија, Френк Солссберг изјави дека вежбите ќе бидат трипати поголеми од претходно одржаните во Норвешка. Операциите ќе бидат толку големи што Норвежаните се предупредени дека ќе бидат вклучуени „директно или индиректно“ повеќе од 100 општини. Главните вежби ќе се одржат од 25 октомври до 7 ноември, но подготовките ќе почнат уште во август.

Вежбите на НАТО од типот „Тридент“ се одржуваат на секои три години, а последен пат се одржале во Медитеранот, на териториите на Италија, Шпанија и Португалија.

За да ги одржиме нашите народи безбедни во непредвидливиот свет, треба да обезбедиме алијанста да биде силна. Тоа го правиме преку заедничка работа, а заедничките обуки и вежби се клучни. “Тридент 2018” ќе обезбеди силите на НАТО да бидат обучени и подготвени. Ова ќе биде значаен тест и приказ на нашите колективни способности – рече портпаролката на НАТО, Оана Лангеску.

Вкупно 100 вежби на НАТО се планирани за 2018 година. Во меѓувреме, норвешката шефица на дипломатијата деновиве изјави дека нејзината влада размислува дали да побара од Вашингтон да го продолжи престојот на марринците во Норвешка. Нивното присуство, како што рекла, ја налутило Москва.

Планирано е околу 330 американски маринци да останат до крајот на годината, откако првиот контингент пристигна во јануари 2017 година. Ова се првите странски трупи во Норвешка од крајот на Втората светска војна.

 Американците се многу задоволни. По многу години тие сфатија дека им недостига зимска обука и искуство во зимски услови . Сега во голема мерка можат да се носат со студот, рече Ленгеску.