НАТО: Нуклеарната проба на Северна Кореја ja поткопува регионалната и меѓународната безбедност

Нуклеарната проба, за која Северна Кореја соопшти, ја поткопува регионалната и меѓународната безбедност, и ги нарушува резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Тоа се наведува во изјава на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува МИА.

– Го осудувам продолжувањето на разработувањето на нуклеарно оружје и балистички ракетни програми на Северна Кореја, како и заканувачката реторика на Пјонгјанг. Ја повикувам Северна Кореја да ги испочитува целосно своите меѓународни задолженија, додава Столтенберг.

Според него, Северна Кореја целосно треба да се откаже од атомското оружје и своите ракетни програми.