Свет

НАТО одoбри формирање на привремени сили за брза реакција

НАТО одoбри формирање на привремени сили за брза реакција

Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг денеска изјави дека земјите-членки го одoбриле формирањето на првата, привремена група сили за брза реакција, чија задача ќе биде заштита од Русија и другите закани, пишува МИА.

– Привремената единица ќе почне да функционира на почетокот од 2015 година, а подоцна ќе биде заменета со постојани сили – наведе Столтенберг.

До формирањето на постојаните сили во 2016 година, кои ќе бројат 4.000 лица и ќе можат да се распоредат за 48 часа, ќе дејствуваат привремените сили, составени од германски, холандски и норвешки војници.

– Првите дипломати на земјите-членки исто така ги поддржаа мерките за смирување на државите од Алијансата, кои се најблиску до Русија. Мерките вклучуваат засилени патроли над Балтичко Море и распоредување на единици на НАТО во Полска и во балтичките земји. Ги заштитуваме нашите сојузници и ги поддржуваме нашите партнери – потенцира Столтенберг.

Тој наведе и дека изборот на Украина за присоединување кон европските демократии е јасен и треба да се почитува.