НАТО пресеретна „сомнителен“ авион

„боингот“

Хрватските авиони биле алармирани откако италијанската контрола на летање не можела да воспостави контакт со „Боингот 767“ на авиокомпанијата „Томсон Ервејз“, кој летал на релација од британскиот град Манчестер до Хераклион на грчкиот осторв Крит.

Авионот на италијанската авиокомпанија бил пресретнат од хрватските МиГ-ови над подрачјето на Далмација на височина од 12.500 метри.

НАТО ги активирал хрватските авиони откако биле прекинати врските на „Боингот“ со цивилната контрола на летање во Италија, поради што се јавил сомнеж дека е можно леталото да е киднапирано и да биде искористено за извршување терористички напад, по примерот на оние од 11 септември 2001 година во Њујорк и Вачингтон.

Набрзо откако „Боингот“ бил пресретнат од хрватските авиони, контролата на летање успеала да востпостави контакт со него, по што тој го продолжил патот кон Крит, а МиГ-овите се вратиле на аеродромот „Плесо“ кај Загреб.

Наредбата до хравтските воени авиони за пресретнување на италијанскиот „Боинг“ е издадена врз основа на правилата и процедурите на НАТО за реакција во случај на појава на сомнителни летала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.