НАТО: Русија да ги повлече своите сили од Украина

НАТО денеска ја повика Русија да ги повлече своите сили од источна Украина, да престане со поддршка на проруските сили и да го почитува договорот од Минск.

– Руските сили, артилерија и противвоздушни единици, како и командните и контролни елементи, се уште се активни во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува МИА.

Столтенберг нагласи дека ситуацијата во источна Украина се влошува и дека примирјето не се почитува.

– Загрижен сум поради влошувањето на ситуацијата во и околу Дебалцево, нагласи генералниот секретар на НАТО.

Одбивањето на проруските сили да го почитуваат прекинот на огнот е закана за договорот постигнат во Минск и оневозможува пристап до зоните на конфликт на набљудувачите на ОБСЕ, истакна Столтенберг пред новинарите во Рига.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.