НАТО: Русија ги повлече дел од силите, но поголемиот дел се сеуште таму

Русија повлече повеќе од илјада војници од границата со Украина, но таму и пoнатаму останаа неколку десетини илјади, изјави денеска еден неименуван претставник на НАТО.

„Еден број од руските војници се повлечени од границата. Активностите кои  ги воочуваме на тоа подрачје укажуваат на постепено повлекување на силите“ изјави претставникот, кој сака да остане анонимен, пренeсе Ројтерс.

„Поголемиот дел од руските војници и понатаму останаа блиску до границата, спремни во краток временски рок  да тргнат во акција доколку им биде така наредено. Илјадници војници се повлeкле, но десeтини илјади се и понатаму таму“, рекол претставникот на Северноатлантската алијанса.

НАТО претходно изнел проценка дека на границата со Украина се наоѓаат околу 40.000 војници.