Балкан

Од идниот месец преговори за членство на Црна Гора во НАТО

Од идниот месец преговори за членство на Црна Гора во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека кон средината на следниот месец Алијансата ќе започне преговори за членство на Црна Гора.

– Никој нема право да се меша во процесот на прием на Црна Гора во НАТО, чии парламент и Влада го потврдија барањето за членство, истакна Столтенберг, претставувајќи го годишниот отчет за 2015 година.