Натпревар во возење на велосипеди за средношколци

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска ќе присуствува на натпревар во возење велосипеди за средношколци.

На полигонот на СУГС „Боро Петрушевски“ ќе се одржи натпреварот како дел од активностите на Град Скопје на третиот ден од Европската недела на мобилност – масовната кампања за промоција на одржливите видови транспорт.