вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 48

Натпревари за „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“

Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука, Град Скопје и ЈСП Скопје ги организираат натпераврите за промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научноистражувачките, високообразовните институции и бизнис-секторот и промоција на лабораториите во високообразовните институции.

bus

Последни вести

Фондот за иновации и технолошки развој денеска во амфитеатарот на ФИНКИ на Технолошко- металуршки факултет во Скопје ќе презентира  детали за процесот на аплицирање за натпреварите „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“.

За натпреварите ќе говорат директорите на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска и на ЈСП Скопје Игор Јанушев. Техничкиот дел за „Скопски автобуски хакатон“ ќе го претстави проф. д-р Иван Чорбев од ФИНКИ, а техничкиот дел за прототип натпреварот „Паметна автобуска постојка“ – проф. д-р Атанас Кочов од Машински факултет Скопје.

Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука, Град Скопје и ЈСП Скопје ги организираат натпераврите за промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научноистражувачките, високообразовните институции и бизнис-секторот и промоција на лабораториите во високообразовните институции.

Натпреварите се отворени за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаат познавања во областа на развојот и дизајнот на идејни софтверски решенија и сакаат да се вклучат во креирањето и воведувањето иновации во јавниот сектор, а со цел подобрување на јавните услуги.

Заинтересираните за натпреварите можат да аплицираат на натпреварите на линковите „Скопски автобуски хакатон“ >http://jsphakaton.mk/   и „Паметна автобуска постојка“ >https://goo.gl/LGp9Mb

Организацијата на натпреварите е поддржана од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Машинскиот факултет од Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Техничкиот факултет во Битола, Технолошкиот парк при Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.

Најчитани вести