Натпреварите во Шпанија ќе бидат суспендирани

Шпанската фудбалска федерација (RFEF) најави дека поради недоразбирањата со владата на оваа држава од 16 мај ќе ги запре фудбалските натпревари. RFEF, најави дека ќе ги суспендира натпреварите во Примера, во пониските првенства и финалето на Купот, бидејќи не може да постигне договор со владата по неколку клучни точки, вклучувајќи ја и распределбата на приходите.

RFEF соопшти дека недоразбирањата траат веќе три месеци, но дека решение сеуште нема. Шпанската фудбалска федерација се жали дека во нејзината работа се мешаат Министерството за спорт, националните спортски сојузи. Инаку тие покрај договор за распределбата на приходите бараат и смена на секретарот за спорт.

Инаку RFEF владее незадоволство бидејќи од тие ТВ права добива само 4,55 отсто, односно според тврдењата никогаш не добил можност да помогне во договорот за телевизиските права која шпанскиот фудбал би го доближиле до колективниот договор.

Проблемот со ТВ права во Шпанија настана со договорот според кој Реал и Барселона добиваат многу повеќе пари од останатите тимови, за разлика од Премиер лигата каде што овие пари се делат врз основ на гледаноста и успехот на клубовите во сезоната.