Ѓорчев: Натпреварот е во 80. минута и треба да се издржат последните 10 минути

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во денешното издание на емисијата „Радио Полиграф“ со Дејан Андоновиќ истакна дека фудбалски кажано, натпреварот е во 80. минута, неговата партија убедливо водство и треба да ги издржи само последните 10 минути, односно 57 дена до изборите на 11 декември.

За вчерашното гостување на Еврокомесарот за проширување и добрососетска политика, Јоханес Хан на Македонија, Ѓорчев посочи дека  гостувањето било очекувано и добро е што Хан дојде во Скопје, затоа што како што вели, после два одложени изборни циклуси, добро е да се осигураме дека ќе имаме избори на 11 декември. Потенцира дека Интерес на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се и над се, интерес на Република Македонија е избори да има и политичката криза да заврши.

Пратеникот Ѓорчев очекува дека во понеделник ќе се изгласа буџетот, а потоа и ќе се распушти Собранието. Во тој контекст, пратеникот коментира дека временото финансирање кое би се случило доколку не биде изгласан буџетот за 2017 година, пред да се распушти Собранието не е добра опција за државата. Тој вели дека временото финансирање ја подгрева неизвесноста во државата, и оти ВМРО-ДПМНЕ сака да ја смириме ситуацијата во државата.

Ѓорчев вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, но оти не е сеедно со колку пратеници ќе победи. Тој потенцира дека на партијата и се потребни  62 пратеници за стабилна Влада.

-Доколку немавме 60 и нешто пратеници од минатите избори ќе имавме многу поинаква ситуација. Сите овие обиди за дестабилизација на Македонија ќе беа многу посилни, вели Ѓорчев.

Погледнете ја целата емисија „Радио Полиграф“ со Дејан Андоновиќ: