„Натур шницли“ за прсти да излижете

За подготовка на ова јадење ќе ви бидат потребни околу 60 минути, постапката е едноставна, а дадените намирници се однесуваат на подготовка на четири порции.

Потребни состојки: 

● 700 грама телешки шницли од бут
● 2 моркови
● 2 главици кромид
● 250 мл.вода
● 100 мл.бело вино
● 1 лажица брашно
● сол, бибер, масло
● ловоров лист

Начин на подготовка:

● Шницлите истенчете ги и зачинете ги по вкус. Потоа извалкајте ги во брашно и испржете ги на врело масло, по минута од секоја страна.

● Во маслото во кое сте ги испржиле шницлите ставете го ситно исецканиот кромид и круговите моркови. По потреба додајте уште малку масло, па динстајте додека да омекне зеленчукот.

● Во зеленчукот ставете една лажица брашно, малку вода и белото вино и зачини, па вратете ги шницлите во сосот. Гответе на ниска температура околу половина час со повремено мешање, додека месото целосно да омекне.