Научете го да ве слуша

Момците по природа не умеат да комуницираат во врска. Тие се научени на машка дружба во која се зборува само за фудбал, политика, добри цицки и тоа се’ на површно ниво. Но, кога треба да се загребе под површината и да се отвори душата, настануваат проблеми бидејќи не се навикнати да ги делат своите емоции и чувства со другите.

Многу фраери дури ни во врските не се учат на комуникација, но за тоа е виновна жената која не се потрудила да ги објасни работите како што треба. Но, за врската е клучна одличната комуникација, па ако сакате да уживате во љубовта која ја имате, водете сметка за следните работи.

Бирајте вистинско време за разговор

За разлика од жените, мажите не можат да работат повеќе работи истовремено. Исто така, не можат ниту да размислуваат. Ако ви дојде да му кажете се’ што ве загрижува додека тој е сконцентриран на нешто друго, знајте дека нема да го добиете целосно неговото внимание. Колку и да ви се чини моменталната активност глупава, ќе морате да ги почитувате работите кои ги сака. Така, тоа не е време да разговарате со него, ако навистина сакате проблемот да се реши.

Емоциите изразувајте ги на конструктивен начин

Дали солзите и вербалните изливи на болка се чети во вашите разговори? Ако тоа е така, знајте дека тоа нема да ви помогне, бидејќи тој нема да сочувствува со вам кога сте во таква состојба. Поточно, него тоа ќе го замори, бидејќи мнозинството мажи ги заморува женското постојано жалење и негативност. Нивниот мозок функционира на поинаков начин и нему  навистина му е тешко да сфатат зошто мора да плачете кога е време за разумно делување. Време е да го промените таквиот пристап.

Наместо помалку детски емотивни испади, контролирајте ги своите емоции и она што имате да го кажете изразете го мирно и вербално. Така, слободно кажете му дека одредена ситуација ве прави тажна, но немојте да плачете како дете додека тоа го зборувате. Добро е да се обидете да предложите решение за спорната ситуација.

 Избегнувајте манипулирање

Некои жени се користат со манипулација за од својот маж да го добијат она што го сакаат, вклучувајќи и разговор. Таквиот пристап некое време делува, но мажите на крајот сфаќаат што им правите и тогаш ќе се повлечат. Од сите лоши пристапи на комуникација, овој е најдеструктивен, бидејќи кај мажите  се остава чувство на изиграност и искористеност. Манипулација е кога, на пример, суптилно уценувате со скратување на секс додека не разговара со вас и не го направи она што го сакате.

Манипулацијата е лоша, бидејќи доведува и до оддалечување на партнерот и на крај прекинување на врската. Размислете зошто се користите со манипулација? Дали е тоа единствен начин на кој знаете да комуницирате? Ова е проблем што е повеќе ваш отколку негов. Време е да научите пристојно да комуницирате, а притоа да се уважите себе и партнерот.

Избегнувајте агресивни испади

Кога разговарате со борбен и напаѓачки тон, тој чувствува дека го навредувате и не го почитувате. Таквиот начин вам нема да ви помогне да го добиете она што го сакате. Поточно, со агресивен разговор ја загрозувате својата врска, бидејќи и тој тогаш ќе одговори агресивно или одбранбено. Кажете му го она што го сакате, но кажете го мирно и сталожено.