Македонија

Научна соработка меѓу скопскиот, истанбулскиот и софискиот универзитет

Научна соработка меѓу скопскиот, истанбулскиот и софискиот универзитет

Трилатерална средба за научна соработка меѓу водечките универзитети и академиите на науки на Република Македонија, Република Турција и Република Бугарија ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

На средбата ќе присуствуваат ректорите Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот во Истанбул и на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски и претседателите на Македонската академија на науките и уметностите, Турската академија на науките и Бугарската академија на науките, придружувани од делегациите на соодветните институции.

Свое обраќање на состанокот ќе има министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Трите универзитети ќе ги дефинираат заедничките приоритети за соработка во повеќе научни области што е од особено значење за заедничко учество и подобро искористување на европските и други истражувачки и развојни фондови.