Магазин

Научниците открија зошто некои цел живот остануваат сами

Научниците открија зошто некои цел живот остануваат сами

Истражувачите од Универзитетот во Пекинг, ја пронајдоа врската меѓу еден многу специфичен ген, нашата можност да се чувствуваме среќно и капацитетот за среќна врска.

Тимот ја проучувал импликацијата на генот 5-HT1A кој го контролира хормонот за среќа – серотин, пушува „Елит Дејл“.

Генот има две варијации, луѓето со две копии на Ц варијацијата произведуваа повеќе нивоа на хормонот во споредба со оние кои имаат две копии Г варијанти.

Во текот на студијата, 579 кинески студенти биле подложени на генетско тестирање кое покажа значајни врски меѓу нивните варијации на гените и љубовниот статус.

Повеќе од 50 отсто студенти кои имале две копии Ц варинати се опишале себе си како вљубени,  додека 39 проценти од нив кои имале комбинација на ЦГ или ГГ имале партнери.

Итражувачите побрзаа да ја разјаснат варијантата на генот кој претсатвува само еден отсто од причините зошто некои луѓе се подобри во љубовта и врската отколку останатите.

Со оглед на тоа дека варијантата Г значи помалку серотонин и почесто менување на расположението, ова откритие има смисла.

– Имајќи предвид дека песимизмот и неурозата се штетни кога е во прашање стабилноста на врската, поврзаноста меѓу Г варијацијата и психолошките нарушувања, може да ги намали шансите на носителите кога се во прашање резултатите од романтичните врски , вели Ксиалин Зу, еден од водачите на истражувањето.