Научниците учат како селективно да бришат и обновуваат сеќавања во мозокот

Бришењето на меморија со притискање на копче, исто како во филмот „Men in blаck“ – може наскоро да стане реалност. Истражувачите успеа да избришат и повторно да го оживеат изгубеното сеќавање во генетски модифицирани стаорци со блесок на светлина.

Студијата на истражувачите од Универзитетот од Калифорнија во Сан Диего, објавена во журналот „Nature“, е првиот доказ за причинско последичните врски во зајакнувањето и слабеењето помеѓу невроните во мозокот може да влијае врз одредени сеќавања.

Пронајдоците на невронаучниците можат да задржат висок потенцијал за третманот на ваквите болести како што е Алцхајмеровата болест и  групата на пореметувања означени како пост трауматски стрес нарушувања.

Бета амило пептидот кој се акумулира во мозокот на луѓето кои боледуваат од Алцхајмерова болест ги ослабнува синаптичките врски на многу сличен начин како што тоа го прави оптичката стимулација со ниски фреквенции кои ги бришат секавањата кај стаорците, рекол Малинов.

„Бидејќи нашата работа покажува дека можеме да го вратиме процесот наназад (да се води процесот во обратен правец) , постои потенцијал да можеме да создадеме контрареакција на некои од ефектите на Алцхајмеровата болест кај пациентите“,рекол тој.

„Можеме да формираме меморија, да ја избришеме таа меморија и потоа да ја реактивираме, според воља, со аплицирање на стимулација која селективно ги зајакнува синаптичките врски“, објасни д-р Роберто Малинов, професор по невронауки во пресс соопштение од универзитетот, пренес весникот „Раша Тудеј“

За да ја докажат својата теорија,Малинов и неговите колеги се потпреле на една уметничка метода – оптогеника. Оптички ласери биле аплицирани да стимулираат група на неврони во мозокот на стаорците кои биле модифицирани со генетски инжинеринг за да ги направат почуствителни на светлина. Симултано, им испраќале електрични шокови во стапалата на животните.

Наскоро, стаорците научиле да ја согледуваат врската помежу оптичкита симулација и болката и прикажаниот страв во секој наврат кога им била испраќана оптичка стимулација. Понатамошните анализи кои ги откриле хемиските промени кои настанувале при оптичката стимулација на нервните синапси, коешто индицирало со зајакнување на меморијата во нив.

Во наредниот чекор,  научниците ги стимулирале истите нерви на различен начин – со бришење на меморија со нискофреквентни оптички импулси. Конечно стаорците повеќе не реагирале на нервната стимулација со страв, коешто покажало дека асоцијацијата на сеќавањето на болката било избришано.

Најисклучителниот дел од сето ова е што загубените сеќавања може повторно да бидат обновени со ре-стимулација на истите неврони и формирање на меморија со импулси со високи фреквенции. Такви рекондиционирани единки повотрно реагирале со страв на стимулацијата. Тоа се случувало кога повторно биле аплицирани шокови на нивните стопала.

„Можеме да предизвикаме кај животното да има страв, а потоа повторно да нема страв и повторно да има страв со стимулација на нервите со фреквенции кои ги зајакнуваат или ослабнуваат синапсите“, објасни во студијата главниот автор Садех Набави.

Сеуште е рано да се зборува за користењето на истата технологија кај луѓето, но истражувачите веруваат дека има потенцијал во искористување во клинички третирања, пишува весникот „Раша Тудеј“.