Научник на НАСА: Видов живот на Марс

Жена која тврди дека во минатото работела во НАСА , изјави дека видела двајца мажи како се шетаат по површината на Марс кога ги прегледувала фотографиите испратени од роверот „Викинг Марс “ во 1979 година.

Жената која се преставува само како “Џеки“ тврди дека работела за НАСА и дека мистериозниот настан се случил кога била на должност во таа вселенска агенција.

Таа тврди дека видела на фотографии како двајца облечени во вселенски одела чекорат кон бродот „Викинг “ на Марс .

Џеки потоа вели дека таа заедно со уште шест колеги работеле на управувањето на телеметриските податоци од Викинг во моментот кога се случил овој инцидент.

Според пишувањето на многу медиуми, Џеки 30 годишниот товар од оваа тајна која ја чувала во себе сега се обидува да и го објави на американската јавност.

Нејзина цел , како што таа самата изјави во една радиска емисија , е само да се помогне во решавањето на мистеријата која ја измачува скоро четириесет години.

-Тој стар Викинг ровер одеше наоколу. Тогаш видов двајца мажи во вселенски одела, но не оние гломазните кои ние ги користевме, но изгледаа како заштитни одела. Дојдоа од хоризонтот и чекореа кон „Викинг Експлорер“ , изјави Џеки во интервју пренесено од „ International Business Times“. Потоа таа дополни дека сведоци на овој настан биле уште шест колеги кои истото го гледале на своите монитори.

Инаку „Викинг Екслорер “ е првото возило кое испрати фотографии од површината на Марс во доцните 70 –ти години на минатиот век.

„Веднаш истрачавме кон горниот кат, но веднаш вратата ја заклучија и залепија лента преку неа , за ние да не гледаме повеќе. Моето прашање е само дали тие двајца се наши астронаути?“, заклучи Џеки во интервјуто.

За теоретичарите на завери, изјавите на Џеки само го потврдуваат нивното уверување дека НАСА извела тајно слетување на Марс во 60 –тите и 70 –тите години на минатиот век.