Научна дебата за политичката и безбедносна криза во Македонија

Научна дебата за политичката и безбедносна криза во Македонија

Во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Факултетот за безбедност-Скопје денес ќе се одржи научна дебата насловена „Политичката и безбедносна криза во Република Македонија – стратешки пристапи за системски решенија“ .

Дебатата се одржува во рамки на серијата дискусии организирани од Факултетoт за безбедност со цел да се подобри владеење на правото и демократските вредности во нашата земја.

Како што е најавено, на научната дебата ќе говорат проф. д-р Миодраг Лабовиќ, проф. д-р Томе Батковски, проф. д-р Жидас Даскаловски, проф. д-р Ризван Сулејмани, доц. д-р Владимир Божиновски.

На тркалезната маса поканети се и научници и експерти од  оваа област, како и политички аналитичари кои го обликуваат јавното мислење во Република Македонија, да дискутираат на темата „Како да се реши актуелната политичка криза“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.