Научна конференција за патот на Македонија кон ЕУ

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) со научна конференција „Република Македонија на патот кон Европската унија (2020) – Искуства, предизвици, перспективи“ ќе ја оддбележи 20-годишнината од почетокот на работата и официјалното воспоставување на односите со ЕУ, како и 9 Мај, Денот на Европа.

На научната конференција, организирана во соработка со Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ,  воведни обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ академик Таки Фити, вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.

Потоа во три панел дискусии свои излагања ќе имаат повеќе актуелни и поранешни министри и функционери вклучени во процесот на евроинтеграциите, академици, универзитетски професори и експерти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.