среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 12

Научници: Фузиониот реактор навистина работи

Научниците од германскиот институт за физика на плазмата „Макс Планк“ објавија дека нивниот фузион реактор, кој го покренаа во 2015 година навистина работи, што значи дека сличен модел, еден ден би можел да стане бесконечен извор на чиста енергија.

реактор

Поврзани вести

Институтот ја објави работата во списанието „Комуникација на природата“, во која наведе дека овој фузион реактор, кој создава супер моќни, кривулести тродимензионални магнетни полиња, што било предвидено со проектот, покажал дека нивото на грешката е помало од еден на сто илјади, што е доволно за комерцијална примена на тој модел на реактор.

Комерцијално исплатливата фузија не би ја загадувала околината со радиоактивни материи, а би имала и поевтини и речиси неисцрпни извори на гориво – морската вода. Проблемот е во тоа што процесот на фузија, односно на соединување на атомите се покренува со високи температури, како што има на Сонцето.

За да стане исплатлива, мора да се обезбеди количината на енергија создадена во фузијата да ја надмине енергијата потрошена на одржување на фузијата, а тоа до денес не успеал да го постигне ниту еден реактор.

Иако успешно ги поминал првите два клучни теста, овој фузион реактор не е конструиран за комерцијална употреба.

Најчитани вести