Научници предупредуваат: Глечерите се топат многу побрзо од предвиденото

Порастот на нивото на морињата и на океаните што предизвика топење на глечерите и зголемување на температурата на водата во јавноста е прикажано не толку алармантно отколку што навистина е, тврдат германските научници.

Нивното откритие укажува на фактот дека реалната ситуација дури двојно е полоша и оти наместо наведените од 0,7 до еден милиметар пораст на нивото на морињата и на океаните всушност е 2,74 милиметри на годишно ниво.

– До денес значително го потценувавме влијанието на топењето на глечерите и затоплувањето на океаните и морињата на порастот на нивното ниво. Бевме во заблуда, изјави Јирген Куш, професор на Универзитетот во Бон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.