Научниците ја откриле мистеријата за изградба на Стоунхенџ

Група британски научници од Музејот Велс и Лестерскиот универзитет го објасниле потеклото на камените блокови во мегалитската структура Стоунхенџ, чиешто истражување е објавено во списанието Antiquity.

Експертите повторно ја проучувале работата на геологот Херберт Томас 1923 година, кој прв ја изнесе хипотезата дека камењата биле пренесени од областа кај планината Минид Пресели во јужен Велс. Според неговата теорија, тие биле транспортирани со брод долж брегот.

Научниците на ревидирале оваа теорија со помош на новите аналитички техники спроведувајќи анализа на примероците собрани во 1906 година, уште пред Томас да ги започне своите истражувања, и притоа дошле до заклучокот дека првичните камени блокови биле спуштани кон реката Маноув на животни, а потоа со преминување на реката Северн или се спуштале кон Ејвон.

Иако респектаблните за својот период наодите на Томас, резултатите од овие нови анализи, во комбинација со темелна проверка на ахивираните примероци собирани и проучувани од него, откриваат дека клучните локации за коишто долго се верува дека се изворишта на блоковите на Стоунхенџ, сега им отстапуваат место на новоидентификуваните локации во Крег-Роси-и-фелин и Карн Гоедог.

Комплексот Стоунхенџ е мистериозна камена градба во грофовијата Вилтшир, и еден од најпознатите археолошки локалитети во светот. За неговата градба, којшто започнала околу 2.600 година пред нашата ера, биле користени песок и носени од далеку сини камења од дијабз, доволно тврда вулканска карпа.