Научниците открија: Што може да ја рашири вагината?

Без разлика на бројот на сексуалните односи, на надареноста на партнерите, како и породувањата – вагината е мускул што функционира на принципот на растегнување и затоа не се шири.

Додека често се пишува за просечните, пожелни и измерени димензии на машките полови органи, се чини дека вагината како орган е вистинска мистерија, односно тој репродуктивен орган го следат голем број митови што немаат никаква врска со вистината.

Некои од нив се дека вагината на невините девојки е мошне тесна, а по губењето на невиноста, вагината е трајно проширена, понатаму дека сексот со голем број партнери ја шири вагината и дека породувањето непоправливо го проширува органот.

Таквите тврдења немаат врска со науката, па ниту со анатомијата на женскиот полов орган. Експертите објаснуваат дека за подобро сфаќање би требало да ја визуелизираат вагината како крпа за раце ставена во чорапа што ја притегнувате со рацете. Крпата го претставува сложеното мускулно ткиво на вагиналниот ѕид, а чорапата е самата вагина, додека дланките се мускулите на бутовите што ја опкружуваат вагината.

Нема тесни и пошироки, со возбудата вагината се прилагодува на пенисот

Вагиналните мускули се мошне еластични па се однесуваат како растеглива гума. И да се растегнат до максимум, како еластично ластиче повторно ќе се вратат во првобитниот облик. Токму тоа објаснува дека поради многу секс, или многу парѕнери, вагината се шири само привремено.

Без разлика дали жената е порно-актерка или некоја што имала секс само неколку апти не постои начин гинекологот да знае или да претпостави со колку мажи спиела.

Иако породувањето подразбира дете со просечна тежина од 3, 5 кг што излегува од вагината – мускулите се способни да се прилагодат и на тоа. Во ретки случаи може да се случи ослабените мускули од околу да не се вратат веднаш во форма, но тоа е мошне ретко и вагината станува иста шест месеци по породувањето.