Научниците пресметаа: Уште колку време ни остана на планетата Земја?

Тим научници од Харвард и Оксфорд пресеметале колку долго може да опстои животот околу ѕвезата со поволна клима за живот.

Периодот за време на којшто може да се развива животот во близина на ѕвездите директно зависи од должината на животот на самата ѕвезда, се наведува во истражувањето на научниците од универзитетите Харвард и Оксфорд.

Исклучок прават само ситуациите во кои ѕвездата го прекинува своето постоење од неприродни причини, на пример, поради судир со небесно тело или под влијание на други разорни сили, пренесува Спутник.

Според податоците на истражувањето, животот може да настане во подрачјето на ѕвездата која има од 0, 08 до 3, 7 тежини од Сонцето. Притоа, тежината на ѕвездата е обратно пропорционална на должината на животот – клку е полесна ѕвездата, подолго ќе постојат живите организми.

Најраспространети ѕвезди во вселената се црвените џуџиња. Тие се одликуваат со мали тежини, а може да постојат и да го поддржат животот околу себе во текот на 10 милијарди години.

Ѕвездите што наликуваат на Сонцето, во процесот на нивната еволуција преживуваат различни стадиуми на развојот, а потоа низ 10 милијарди години се претвораат во бели џуџиња. За време на секој од овие периоди ѕвездата може да создаде неповолни услови за живот за околните планети, се наведува во истражувањето.

Процесот на настанување на ѕвездите почнал 30 милиони години по Биг Бенг. Планетарните системи почнале да се појавуваат многу подоцна – откако експлозиите формирале нови генерации ѕвезди.

Научниците снметаат дека тоа е точката на почетокот на постоење на животот во вселената, што се ограничува со траењето на најстабилните ѕвезди, т.е. околу 10 милијарди години, од каде може да се пресмета колку време ни останало.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.