Научниците веруваат дека ракот може да биде победен со помош на метали од астероидот убиец на диносаурусите

Клетките на карциномот можно е да се заробат и уништат со помош на метали од астероид кој се смета за причина за смртта на диносаурусите, сметаат експертите од британскиот универзитет Ворвик и кинескиот Сун Јат-Сен, се наведува во заедничката студија објавена на порталот EurekAlert.

Научниците откриле дека хемискиот елемент иридиум, кој се содржи во метеорските седименти, претставува ефикасно средство во борбата со онколошките заболувања. Експериментите покажале дека атомскиот кислород, кој се формира како резултат на продорот на металот во клетките на карциномот, ги уништува без да предизвика каква и да е штета на здравото ткиво.

„Смесата на иридиум со органските материи навлезе во сите слоеви од малигниот тумор и го уби. Тоа покажува колку перспективно е овој вид лекување“, се наведува во студијата. Се истакнува и дека „активирањето“ и доставувањето на препаратот до зафатените органи се врши со помош на специјален медицински ласер.

„Иридиумот стасал на Земјата заедно со астероид пред 66 милиони години, и сега е време да му се најде медицинска примена“, вели професорот од Универзитетот Ворвик, Питер Садлер. Научниците се надеваат на скорешен почеток на клиничките испитувања на препаратот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.