Научно докажано – мажите паѓаат на русокоси!

Еве неколку причини зошто мажите неможат да им одолеат на жените со светла коса.

Се облекуваат попровокативно

Овие девојки сакаат да ги возбудуваат и предизвикуваат мажите со провокативно и сексапилно облекување, нешто на кое што мажите не можат да одолеат. Со облекувањето тие ја истакнуваат својата женственост и го излудуваат посилниот пол. За мажите нема подобар афродизијак од високи штикли, кратко здолниште и длабоко деколте.

Имаат подобра смисла за хумор

Мажите во нивно присуство не мораат претерано да внимаваат што зборуваат. Овие девојки не покажуваат замерки на сочните вицови и попростиот речник. Тие се смеат на глас и знаат и самите да направат шега. Мажите во нивно друштво полесно се опуштаат и го покажуваат своето вистинско лице.

kako-da-stanete-rusokosa

Не сакаат сериозна врска

Овој тип на девојки најчесто се слободни и независни, па затоа не сакаат себе си да се вовлекуваат во сериозна или долгогодишна врска. Затоа не ги заморуваат мажите, па тие немаат страв од неделните ручеци со нејзините родители, црковните ѕвона и свадбата…

Го земаат она што им треба

„Ѓаволестите” девојки речиси никогаш не се жалат, дали музиката е прегласна, дали се уморни или дали се гладни. Тие не глумат за да добијат нешто. Едноставно, ќе ја намалат музиката, ќе одат да спијат или ќе земат самите да јадат, што мажите го сметаат за голем плус.