Науката докажа дека жените немаат појма за сексот

Американската студија открила шокантни факти дека жените послабо се разбираат во секс, како се прават деца и се друго што се однесува на нивното здравје.

Жените често не ги знаат основните факти за сексот, плодноста, бременоста и своето репродуктивно здравје, покажала студијата на американскиот Универзитет, Јеил.

Во он-лајн студијата учествувале илјада жени на возраст од 18 до 48 години на територијата на САД. Секоја десета знаела дека сексот е потребен пред овулација, а не после, за да се зголемат шансите да забременат, покажала студијата објавена во „Фертилити и Стерилити“.

Повеќе од третина од испитаниците веруваат дека одредни пози во сексот, како кревање колкови, можат да ги зголемат шансите за забременување, пишува АФП. Околу 40 отсто од жените сметаат дека нивните јајници постојано произведуваат јајце клетки.

„Оваа погрешна претстава посебно загрижува, бидејќи живееме во друштво каде што жените постојано ја одложуваат бременоста,“ изјави креаторката на студијата Лабуна Пал, професор по гинекологија и репродуктивни науки на Јеил.

Околу половина од жените никогаш не успелае да разговараат за своето репродуктивно здравје. Околу 30 отсто никогаш не отишле на годишен преглед. Кога станува збор за здравјето во текот на бременоста, половина од нив не знаеле дека требало да користат фолна киселина, за да се спречат дефекти на новороденчето.

Една петина не знаеле дека со годините расте ризикот од спонтан абортус, неплодност и абнормалност на фетусот.

„Студијата од една страна покажува огромна празнина во знаењето на жените за своето репродуктивно здравје, а од друга страна ја потенцира загриженоста на жените кои не разговараат со своите лекари,“ изјавиавторката Џесила Илузи, професор на Јеил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.