Науката откри нова голема тајна за Марс

Науката откри нова голема тајна за Марс. Вулканот на Марс кој е голем колку половина Франција пред 3, 5 милијарди одини исфрлил толку многу лава што ги формирал во целост надворешните слоеви на Црвената Планета, според студијата објавена оваа среда, пренесува АФП.

Вистинскиот северен и јужен пол на Марс повеќе не се наоѓаат на истото место каде што биле некогаш. Откритијата ја појаснуваат неочекуваната локација на исушените речни корита и подземните резервоари со мраз како и другите мистерии на Марс што претходно ги збунуваа научниците, вели предводникот на тимот.

Ако слично поместување се случи на Земјата, Париз ќе се најде во поларниот дел, вели Силвен Були, геоморфолог на Универзитетот Париз – Суд.

Во Париз ќе имавме поларна светлина, а во Судан ќе се одгледуваше лозје, вели таа.

Исфрлањето на лавата од вулканот кое траело неколку стотици милиони години ја поместило површината на Марс за 20 до 25 степени, според истражувањето.

Висорамнината Тарсис
Висорамнината Тарсис

Протокот на лава ја создал висорамнината наречена Тарсис која е всушност вулканска купа и е поголема од 5.000 километри квадратни во широчина и 12 километри висока на планетата чиј што дијаметар е половина од дијаметарот на Земјата.

Висорамнината Тарсис е огромна, особено ако се земе во предвид големината на Марс. Тоа е исклучок, вели Були.

planeti po golemina-1

Воздигнувањето – нагоре преку милијарди милијарди тони тежина – било толку големо што предизвикало првите два слоја од површината на Марс да се свртат во спротивна насока, како кората и срцено на праската кога би се поместиле во спротивна насока од семката.

Уште во 2010 – тата беше поставена теориска студија дека ако се помести висорамнината Тарсис од Марс, планетата би ја променила оската.

Були и колегите ги споредиле овие компјутерски модели со симулациите и проучувањата, како со нивните така и со оние на останатите научници. По оваа теорија многу работи за Марс што претходно не беа јасни сега конечно се разјаснуваат.

Научниците неможеа да сфатат зошто реките, односно исушените речни корита се наоѓаат каде што се наоѓаат. Нивната позиционираност се чинеше нејасна, но ако се земе во предвид поместувањето на површината, тогаш станува јасно, вели Були.

Понатаму огромните резервоари со замрзната вода би требало да бидат поблиску до половите. Во дамнешни времиња, знаеме дека биле.

Новата теорија појаснува зошто висорамнината Тарсис е сместена во „новиот“ Екватор, токму онаму каде што би требало да биде за планетата да ја врати сопствената рамнотежа.

висорамнината Тарсис
висорамнината Тарсис

Овие истражувања, објавени во списанието Nature се спротивставуваат на стандардната хронологија која претпоставува дека реките на Марс биле формирани по висорамнината Тарсис.

Повеќете од овие прастари води течеле од кратерските воздигнувања на јужната хемисфера на планетата до базените на север дури и без масивните подрачја со лава, заклучува истражувањето.

Но, сепак и понатаму има многу неодговорени прашања. Дали исклучувањето на магнетните полиња е предизвикано од навалувањето: Дали тоа придонело да исчезне атмосферата на Марс или дали предизвикало реките да престанат да течат? Овие работи сеуште не ги знаеме, вели Були.