Спорт

Наумче Мојсоски меѓу 10 најголеми ѕвезди кои ќе го пропуштат ЕП

Наумче Мојсоски меѓу 10 најголеми ѕвезди кои ќе го пропуштат ЕП

Пред стартот на Европското првенство во ракомет во Данска (12 – 26 јануари ) голем број на ѕвезди го откажаа својот настап. Ракометната фантазија во Данска без овие ракометари нема да биде комплетна, бидејќи дел од нив не успеаја да ја санираат повредата , а дел одлучија да се збогуваат од националниот дрес.

Токму ова беше причината реномираниот интернет портал “Планет – Хендбал” да ја состави листата на најголемите десет ѕвезди кои ќе го пропуштат ЕП во Данска. Меѓу најголемите 10 ѕвезди кои нема да играат на првенството е и македонскиот среден бек Наумче Мојсоски.

Континенталниот собир ќе го пропуштат: Николај Маркусен (Данска) Ласло Наѓ (Унгарија), Ким Андерсон (Шведска)Хавиер Бараше (Франција)Блаженко Лацковиќ (Хрватска), Марцин Илиевски (Полска), Арпад Штербик (Шпанија), Александар Петерсон (Исланд), Наумче Мојсоски (Македонија) и Тимур Дибиров (Русија).