Наумоф во посета на најголем израелски производител на овошје и зеленчук

Министерот за странски инвестиции Џери Наумов организираше посета на еден од најголемите израелски производители и извозници за свежо овошје и зеленчук од Израел, компанијата Бен Дор Фрутс.

Компанијата е основана во 1880 година и е посветена на развој во областа на одгледување, обработка и растење на листопадни овоштарници во 18 земји. Бен Дор снабдува светски познати трговски ланци како Теско, Маркс и Спенсер, Морисонс, и многу повеќе.

Министерот Наумов во соработка со една од најголемите компании од земјоделскиот сектор на Бугарија, Агротајм која претходно во неколку наврати ја посети Р. Македонија со цел запознавање со инвестициските можности ги пречека гостите. Во текот на неколкудневната посета, компанијата ќе оствари посета на повеќе општини – Демир Капија, Валандово, Гевгелија и Росоман, каде ќе остварат средби со градоначалници и локални производители на овошје и зеленчуци. Тие го започнаа денот со состанокот со министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски кој изрази силна заинтересираност и подршка за овој проект да успее.

Нивната визија е да се формира партнерство и да се започне со пакување, преработка и изградба на ладилници кои ќе можат да подржат 10.000 тони годишно постоечко овошје.

Во исто време тие ќе започнат и со производство на висок квалитет на овошје за извоз кое ќе достигне и до 50.000 тони годишно во иднина. Овој проект ќе донесе многу специфична висока технологија и ќе ги претставува најдобрите практики во земјоделството. Овие две компании ја препознаа конкурентната и про бизнис климата во Македонија и веќе се во потрага по локации .