Наумофф на средба со грчка бизнис делегација

Министерот Наумофф прими претставници од компанијата ,,Арванитидис“ од Р. Грција, предводена од сопственикот Харилаос Арванитидис. Г-динот Арванитидис е истакнат бизнисмен во Грција, кој претходно поседувал, управувал и подоцна продал 180 супермаркети низ цела Грција. Тој искажа силен интерес за сериозна инвестиција во повеќе различни проекти во рамките на агро-бизнисот и извозот.

Оваа средба е резултат на посетата на министерот Наумофф, кој на почетокот на месецот го посети 79-тиот Меѓународен трговски саем во Солун. Министерот Наумофф и г-динот Арванитидис имаа приватна Б2Б средба во просториите на Македонскиот Генерален Конзулат, при што г-динот Арвантидис беше информиран за екстремно конкурентната бизнис клима во Р. Македонија.