Наумоски за Антиќ: Македонија му даде многу, а тој…

Наумоски за Антиќ: Македонија му даде многу, а тој...
Наумоски за Антиќ: Македонија му даде многу, а тој...

Македонија на Перо Антиќ му дала многу, ама тој не е како Дирк Новицки, Тони Паркер или Пау Гасол, НБА – ѕвезди кои и покрај се не се откажаа од настап во нациолниот дрес, вели првиот човек на нашата федерација Петар Наумоски во изјава за хрватскиот портал „24 сата“.

Наумоски смета дека откажувањето на Антиќ ги нарушипо нашите амбиции.

На Перо му дадовме многу, но не тој не ни врати, како што на своите репрезентации им вратија играчи како Новицки, Паркер или Гасол. Поради тоа нашите амбиции се само пласман во вториот круг, а за тоа пресудна треба да ни биде победа над Грузија, изјави Наумоски.