четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 53

Науновски: Клучна цел на СЈО не е правдата, туку политички прогон под наредба на црпнати

СЈО и Јанева мора да станат свесни дека нивното делување нема никогаш да биде признаено и потврдено од Македонскиот народ, посебно по незаконскиот притвор на г-н Едмонд Темелко и неаргументираните обвинувања против поранешни државни функционери и бесмислени барања за притвор, евидентно со политичка намера, вели политичкиот аналитичар и универзитетски професор Тони Науновски во изјава за порталот „Курир“.

naunovskiii

Поврзани вести

СЈО и Јанева мора да станат свесни дека нивното делување нема никогаш да биде признаено и потврдено од Македонскиот народ, посебно по незаконскиот притвор на г-н Едмонд Темелко и неаргументираните обвинувања против поранешни државни функционери и бесмислени барања за притвор, евидентно со политичка намера, вели политичкиот аналитичар и универзитетски професор Тони Науновски во изјава за порталот „Курир“.

Науновски вели дека СЈО  е антиуставна „институција“ која произлегла од некаков политички договор во Пржино, наспроти Уставот и политичките и национални интереси на Македонија како држава.

Тој договор, јас не го признавам, исто како и охридскиот рамковен договор. СЈО нема легитимитет, а со незаконското делување во случајот со притворот на г-н Едмонд Темелко, покажа дека е политички  инструментализирана „институција“ во функција на деконструирање на правниот поредок и законите, на системот на институции кои Македонија како држава ги има воспоставено како резултат на децениски демократски развој. Ако е вистина дека актуелниот претседател на СДСМ дава наредби на ова СЈО, тоа е уште една објективна причина Собранието на РМ да го поништи, делегализира, затоа што станува јасно дека клучна цел на тие таму не е правдата, не е правото, законите и Уставот, туку политички прогон под наредба на црпнати. Очекувам СЈО самите себеси да се делегитимираат, затоа што со досегашните активности просто потврдија дека нема да можат да се оттргнат од политички наредби и антимакедонската еуфорија, вели Науновски.

Тој додава дека најдобро за нив и за државата е да не дозволат да бидат партиски послушници на луѓе со психопатолошки синдром на месии позади кои се наоѓа обична алчност за власт, и да си дадат оставки, ако дотогаш Собранието не ја поништи оваа „институција“.

Претседателката на тоа неуставно СЈО мора веднаш да поднесе оставка, посебно по бројните индикатори дека е злоупотребена (да се надеваме без нејзина самосвесност и лична дозвола) во налудничавиот напад врз темелите на државата. Правосудниот систем на РМ има целосен легитимитет и легалитет, кој се негира само од црпнати. СЈО и Јанева мора да станат свесни дека нивното делување нема никогаш да биде признаено и потврдено од Македонскиот народ, посебно по незаконскиот притвор на г-н Едмонд Темелко и неаргументираните обвинувања против поранешни државни функционери и бесмислени барања за притвор, евидентно со политичка намера. До 5 Јуни ќе го нема СЈО, и тоа со нивната досегашна „работа“, наспроти очајната црпната желба на некои, нема да има ефект врз политичката волја на Македонскиот народ, дури напротив, поразот на изборите за црпнатите ќе биде дотолку поголем. Очекувам наскоро СЈО, додека не биде поништено или самото не се распушти како квази институција без легитимитет, да го процесуира случајот „државен удар“ односно незаконско прислушување и објавување на приватни телефонски разговори од страна на црпнатите, со мерка притвор за оној што ги објави јавно, коментира Науновски.

Најчитани вести