Науновски: Крајната цел е да станеме протекторат на крвниците на Македонија

Политичкиот аналитичар и универзитетски професор Тони Науновски во дебата на ТВ Нова истакна дека не може да се предвиди како ќе заврши оваа вештачки креирана криза.

-Сето ова започна со нелегален акт на СДСМ со прислушкување на нелегални разговори. Како минуваат деновите така Македонија се одалечува надвор од рационалноста. Се замешаа премногу фактори, вели Науновски.

Пржинскиот договор ја спржи Македонија

-Денес Република Македонија да се доведе до ситуација да не се почитува устав, да се воведат анти-историски решенија со договор како Пржинскиот што ја спржи Македонија е страшно. Генезата на она што се случува е долга и комплексна. Затоа што она што се случува кога Македонци нападнаа Македонци е вовед на најстрашното сценарио за кое многумина предупредуваа, рече тој.

Крајна цел, вели Науновски, се големи масовни судири, да се испотепаме меѓу себе за потоа да станеме некој протекторат на крвниците на Македонија.

-Лут сум им на оние кои ја направија кризата, но и на институциите на државата. Институциите требаше да ги запленат тие прислушкувани материјали, а не да се измислуваат институции како СЈО – нешто што нема никаде во светот.