Македонија

Науновски: Протестираат опозицијата, платеници и хулигани, а не граѓани

Науновски: Протестираат опозицијата, платеници и хулигани, а не граѓани

Државата е попустлива во име на демократијата, изјави универзитетскиот професор Тони Науновски при гостувањето во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Не протестираат граѓани на улица, туку платеници, опозицијата и хулигани кои рушат и кршат споменици. Државата односно институциите се попустливи во име на демократијата, а тоа според мене е погрешно, изјави Науновски.

Тој смета дека политичките партии не успеваат да ги надминат тесно партиски интереси и треба повеќе да се фокусираат на државните интереси.

Се додека одредени партии сакаат на недемократски начин да дојдат на власт ќе има проблеми. Се додека не настане отргнување од борбата за фотељи ќе страдаат граѓаните. Граѓаните треба одлучат кој ќе дојде на власт. Странците доаѓаат со свои интереси, несомнено некои од нив имаат добри намери, изјави Науновски во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Според него, уставниот суд треба да го поништи „Пржинскиот договор“ бидејќи, како што посочи Науновски, тој е генератор на кризата.

Пржинскиот договор е генератор на кризата и се надевам дека истиот ќе биде поништен. Уставниот суд на Македонија може да го поништи. Според мене со неговото донесување се продлабочи кризата, изјави Науновски.