Наутро магла, преку ден сончево и студено време

И во следните денови ќе имаме стабилно и суво време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе настапи разведрување.

Утре најстудено ќе биде во Скопје и Тетово, каде температурата ќе биде пет степени, додека највисоката дневна температура од 11 степени ќе биде измерена во Гевгелија.

За претстојниот викенд нема најави за посебни промени во времето, па така и во сабота и недела ќе не’ очекува стабилно и суво време со температура до 14-от степен.