Наваро: Македонија е одлична земја за инвестиции

Наваро: Македонија е одлична земја за инвестиции
Наваро: Македонија е одлична земја за инвестиции

Извршниот директор на „Арчелор Митал”, Хуан Педро Наваро од Мадрид даде силна поддршка за владините политики кои овозможуваат раст на бизнисите.

-Задоволни сме од Владата. Мислам дека Владата се труди да обезбеди добри услови за нас во Македонија. Гледаме импресивно производство во автомобилската индустрија, електронската индустрија  и тоа во период од неколку години, а не само во последниот месец. Гледаме дека тоа обезбедува  услови за компанијата да продолжи со инвестициите и растот во југоисточна Европа. Мислам дека Македонија е одлична земја за инвестиции, земја која е слична во менталитет како Шпанија. Сигурен сум дека секоја компанија од Шпанија која би инвестирала тука ќе се чувствува како дома. Ова беше најдобра година за Арчелор митал во Македонија. Имаме одлично подобрување во производството, капацитетот ни е на максимум, а сега очекуваме да инвестираме во следните години за да го зголемиме капацитетот. Првиот дел од ова зголемување и инвестиција во фабриката ќе биде направено во овој месец, октомври, ќе го зголемиме капацитетот за да ја задоволиме побарувачката на регионалниот пазар, истакна Наваро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.