Наваро рекордер по бројот на настапи во Евролига

Шпанскиот кошаркар во редовите на Барселона  Хуан Карлос Наваро е нов рекордер по бројот на настапи во Евролигата.

Тој на вечерашниот дуел меѓу Барселона и Олимпијакос, кој заврши со триумф на каталонскиот клуб 70:58, го  имаше 253 настап во најквалитетното европско клупско натпреварување. Со тоа го надмина Тео Папалукас, кој има одиграно 252 натпревари во Евролигата.

Ова е 13.сезона за Хуан Карлос Наваро во Евролигата, а во 2010 година беше освојувач и на МВП – наградата на фајнлфор турнирот, водејќи ја Барселона до вториот триумф во ова натпреварување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.