Навас: Барса нема што да бара на Итихат

Репрезентативецот на Шпанија и стандарден првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Хесус Навас, додатно ја подгреа атмосферата пред утрешниот прв 1/8 финалена натпревар од Лигата на шампиони против екипата на Барселона, со изјавата дека гостинот не е баш среќен што мора да гостува на „Итихат”.

„Мислам дека фудбалерите на Барселона не се баш среќни поради гостувањето на “Итихат”. Свесни се дека ги чека многу тежок противник и дека мали им се шансите да забележат позитивен резултат на ова тешко гостување. Играме одлИчно во последниот период, создаваме многу шанси пред противничкиот гол и редовно ја тресеме противничката мрежа. Самодовербата е на највисоко можно ниво, но мора да наметнеме пеколен ритам, потребен е пресинг од самиот старт на натпреварот. Точно дека Барса не игра како што играше пред три, четри години, но тоа е нормално. Веќе секој противник добро ја има изанализирано играта на Барселона. Секој циклус има свој крај, осовено тие во фудбалскиот свет. Сепак не е лесно да се игра против Барселона која е лидер во шпанската Примера дивизион и финалист во Купот на Шпанија”, изјави крилниот напаѓач на Манчестер Сити.