Навас сака да замине од „Реал“ исто колку што сака да умре

По трансферот на Тибо Куртоа од „Челзи“ во „Реал“ се огласи и голманот на мадриѓаните, Кејлор Навас кој ги освои симпатиите на фановите во изминативе неколку сезони. Тој не потклекна додека „кралскиот“ клуб инсистираше да го донесе во свои редови Де Хеа од „Манчестер Јунајтед“, па Костариканецот стана незаменлив на голот на „Реал“ и со големи заслуги за трите последователни титули во Лигата на шампионите.

Иако се пртпоставува дека Белгиецот веднаш ќе ја заземе почетната позиција, Навас не планира да се предаде и вели дека не размислува за заминување од тимот.

Имам иста желба да заминам како и да умрам, кратко порачал Навас(31) кој во „Реал“ дојде во 2014 година од „Леванте“.