Навики кои ве издвојуваат од другите жени

Не е секоја жена дама, а тоа најдобро го покажува нејзиното однесување во друштво и основната домашна култура.

lady_1

Вистинските дами немаат тетоважи на видливи делови на телото. Затоа и се дами. Тоа за нив е интимна работа.

Вистинските дами секогаш се обраќаат со „молам“, а не со „што е“. Основната култура е многу важна.

Вистинските дами никогаш нема да запалат цигара на улица. Пушењето е резервирано за некоја просторија.

Вистинските дами секогаш се пристојно облечени. Ниту премногу нападно, ниту премногу едноставно. Секогаш изгледаат убаво во секоја пригода.

Тие никогаш никогаш не се караат. Тие имаат став: кавгата не решава ништо и не носи ништо позитивно.

Никогаш не пцујат. Никогаш нема да слушнете дама да каже навредлив збор. Тоа за нив е премногу ниско.

Дамите никогаш нема да си дозволат да бидат во друштво на некултурни луѓе, без разлика дали се машки или женски. Таа стои на страна од нив, бидејќи не го поддржува тоа однесување.

Секогаш убаво мириса. Не претерува, но секогаш мириса. На себе носи пристоен парфем.

Вистинската дама има гордо држење. Исправениот грб и сигурниот став е одлика на достоинство.

Таа не носи многу накит. Суптилни обетки, некој понежен прстен и ланче. Ова е печат за нејзината нежна и кревка личност.