Навивач на Челзи почина поради голот на Лампард!

Израмнувачкиот гол на Френк Лампард против својот поранешен тим ги шокираше сите навивачи на Челзи, но неверојатно звучи фактот што овој погодок беше кобен за еден верен навивач на тимот од Лондон.

Навивач на Челзи од Уганда, Фахад Мусанан, загинал од срцев удар како последица на голот на легендарниот ас за кој непрестано се зборува. Дејли Стар пренесува дека Мусанан имал 24 години и професионално се занимавал со фудбал, како член на екипата Симба од градот Бомбо.

„Најпрво го гледавме натпреварот Лестер Сити – Манчестер Јунајтед, а потоа на ред дојде и Манчестер Сити – Челзи. Мусана беше голем навивач на Челзи, тој се би направил за својот омилен клуб, освен да се клади на нив. Тој никогаш немаше здравствени проблеми, но по голот на Лампард тој едноставно падна, најверојатно од шок. Додека да биде пренесен во воената болница, веќе му била констатирана смрт“, вели неговиот пријател и соиграч Бакуле.