Навивач прободен со нож на НБА натпревар

Бостонската полиција соопшти дека една личност е избодена на „ТД Гарден“ во текот на мечот меѓу Селтикси и Мемфис по што е пренесена во болница каде и е укажана лекарска помош.
Ретко во најквалитетната лига на светот се случува тепачка и бодење со нож на НБА натпревар.

На вакви инциденти навикнавме само на фудбалската навивачка сцена на Европа, како и на Јужна Америка.

Триша Меккорки, потпарол на „ТД Гарден“ потврди дека дошло до конфликт во Арена и еден навивач е пренесен во болница.

Американските медиуми не изнесоа други дополнителни детали за овој случај.